x

МОК ја замоли Јапонија да не ги откаже одново ЛОИ!

tomas-bah

Сите учесници на ЛОИ, кои треба да се одржат следното лето,најверојатно ќе бидат вакцинирани. Имено при влезот во Јапонија секој спортист ќе прими вакцина против Ковид-19, ако дотогаш тие сепак се пуштат во употреба. Инаку деновиве во дводневна посета на Токио беше првиот човек на МОК. Томас Бах кој имаше средби со новиот премиер на таа земја Јошихиде Суга. Тој притоа го замоли премиерот Суга да не ја разгледува можноста за одново одлагање или откажување на Игрите, ако се знае дека тие требаше да се одржат оваа година. Бах се обиде да го убеди Суга за тоа колку е важно ЛОИ да се одржат по секоја цена, но сепак Јапонија се уште е скептична, иако за разлика од Европа ид САД во таа земја во последно време се намали процентот на заразени од коронавирусот.

Нашата одлука како Јапонија е да Игрите се одржат како доказ дека човештвото ја победи короната, но сепак…“изјави Суга.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата