x

МОЖНО ЛИ Е? Интер со 260 милиони евра тргнува по Лео Меси!!!

leo-interjpg

Како што пишува италијанска “Газета“, Интер и официјално ќе тргне по Лео Меси. Ако не ова лето, тогаш наредното сигурно. Имено ако Аргентинецот дојде во Милано како слободен играч во летото 2021 година, тогаш од Интер би добил 260 милиони евра бруто и тоа за четири години. Значи Лео би играл во Интер до својата 38-ма година. Би земал годишни 50 милиони евра нето, што е за 19 милиони повеќе од тоа што Роналдо сега зема во Јуве.

Колку е ова остварливо знаат само газдите на Интер, а тие се Кинези.

Инаку Меси со важечкиот договор со Барса зема 50 милиони евра нето, или цели 100 милиони евра бруто, што е светски рекорд.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата