Според експертите, последиците од евентуалната девалвација на доларот најмногу ќе се почуствуваат во земјите во развој. “Ќе профитираат оние земји што претежно извезуваат на американскиот пазар, а ќе загубат државите што тргуваат во рамките на евро-зоната или со Јапонија”, изјави заменик- генералниот секретар на Конференцијата на ОН за трговија и развој (УНКТАД), Карлос Фортин. Се оценува дека од евентуалната девалвација на доларот најмногу ќе профитираат земјите од Латинска Америка, бидејќи за своите валути би купувале ефтини производи во долари, што би придонело за динамизација на нивните стопанства. (МИА)