x

Може да и биде син: Екс-сопругата на Пипен во “шема“ со млад 23-годишен НБА супер стар!

 

Може да и биде син. Ова е коментарот на поголемиот дел од кошаркарските фанови кога ја прочитаа веста од таблоидите во САД дека Ларса Пипен, донеодамна сопругата на Скоти Пипен, била во “шема“ со НБА супер стар. Неговото име е Бен Симонс, член на Филаделфија, кој учествуваше на последните два Олстар викенди. Според нив “проблемот“ е што Ларса е постара од Бен дури 22 години.

Таа на прашањето дали е во тајна врска со Бен, само се насмевнала. Притоа додала дека со Скоти била во брак 21 година, имаат четири деца, но дека време било секој да тргне на својата страна. Исто така додала дека додека била со Скоти никогаш не го изневерила.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата