Постојат разновидни врски меѓу начинот на облекување и суеверие, еве неколку нај интересни…

1. Носење облека наопаку

Ако случајно облечете нешто наопаку, некој ќе ви рече дека ќе ве следи баксуз, но многумина мислат дека овој ден мора да ви биде среќен.

Исто важи и за чорапи. Ненамерно облекување чорапи наопаку се смета за добра среќа. Исто така тогаш мора да ги носете цел ден за среќата да ви се исполни.

2. Копче на облека

Непарен број на копчињата на облеката би требало да ви донесе посебна среќа. Интересно е, давање и примање копчиња симболизира долготрајно пријателство, а уште едно празноверие е врзано за копчиња а тоа е дека, ако најдете копче, треба да го земете и да го ставите во џеп, бидејќи тоа е знак на добра среќа.

Освен копчиња, добра среќа би требало да ви донесе и омилена жечезна паричка во џепот. Меѓутоа кој од нас има “среќна кованица“?

3 Носење облека во точки

Ова е едно од најстарите празноверија врзани за гардароба, а позната е во разни делови во светот. Имено се смета дека носење облека со точки привлекува богатство. Така мал округол облик претставува мноштво кованици кои наскоро ќе се најдат на вашата банкарска сметка.

4. Носење сина облека

Некои сметаат дека сината боја привлекува успех. Небото е сина боја и носење облека во таа боја симболизира поглед кон горе, односно поглед кон безбројни можности.

Исто така познато “правило“ е невестата на денот на венчавање треба да носи нешто сино за среќа.

5. Носење чевли

Кога врвките на вашите чевли упорно се одврзуваат, иако неколкупати сте ги врзале, значи дека ќе добиете добри вести по пошта. Ставање чевли на стол или кревет значи лоша среќа и можете да очекувате дека наскоро ќе се скарате со некој. Спрема празноверието, ако партнерот ви подари чевли, вашата иднина станува под знак прашање. Имено, тоа поточно значи дека вашиот партнер сака да се ослободи од врската, иако не веруваме дека со подарување чевли би сакал да раскинете.

Еднаш во животот треба да донирате чевли на лице на кое тоа му е потребно. Спрема една стара изрека, ако тоа не го сторите, во идниот живот ќе одете боси.