Американската фармацевтска компанија „Модерна“ штотуку објави дека нејзината вакцина против коронавирус има ефикасност од речиси 95 проценти, пренесе Би-Би-Си.

Тоа значи дека од заразата ќе бидат заштитени 945 од 1000 луѓе, кои ќе се вакцинираат со оваа вакцина.

Овие податоци произлегуваат од клиничкото испитување на вакцината на „Модерна“.

Информацијата за исклучително високата ефикасност на вакцината доаѓа една недела откако фармацевтската компанија „Фајзер“ објави дека нивната вакцина е ефикасна 90 проценти.

извор: Makfax