Вљубениците во модата од 20-25 ноември кога и се одржува “Пежо модната недела” ќе можат да уживаат во шест модни вечери исполнети со омилените брендови, нови креации и трендови. На модната писта во текот на сите модни ревии ќе продефилирааат повеќе од 70 манекени и модели. Изборот на домашните манекени е направен, покрај од Модното студио “Црнокрак”, и од модните агенции “Макмоделс” и “Моделс Ин”. Освен македонските манекенки, моделите ќе ги носат и манекенки од Белград, Босна и Софија. Модните ревии во текот на шесте модни вечери започнуваат од 20 часот, а свое претставување ќе имаат домашните креатори Сека Радончиќ, Бојана Неткова, Ненад Секирарски, Љубиша Савевски, Зиане Бакиу, Лиле Корубин, а од странските брендови кои се кај нас ќе можеме да видиме преку 20. Оваа година на модната недела ќе ни се престават со свои креации и креатори од Франција. (А.Н.)