Високата претставничка на Европската Унија за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини, соопшти дека објавата на Северна Кореја за запирање на нуклеарните и ракетните тестирања претставува позитивен чекор и повика на неповратна денуклеаризација на оваа азиска држава.

„Потегот на Северна Кореја е позитивен и долго очекуван чекор на патот кој сега мора да води кон целосна, веродостојна и неповратна денуклеаризација“, се наведува во соопштението на Могерини.

Северна Кореја денеска соопшти дека ги запира тестирањата на балистички ракети со долг дострел и дека планира да ги затвори полигоните за тестирање на нуклеарни бомби.

извор: Makfax