Министерството за надворешни работи испратило барање за официјална информација до авганистанските институции околу киднапирањето и убиството на македонски државјанин на територијата на Авганистан.

,,Во однос на информациите кои излегоа во медиумите за киднапирање и убиство на македонски државјанин на територијата на Авганистан, Ве информираме дека Министерството веднаш испрати барање за официјална информација до авганистанските институции.По добивање на официјална информација од авганистанските власти, согласно законските процедури, МНР ќе го извести Министерството за внатрешни работи”, се наведува во соопштението.

Светските агенции јавија дека непознати напаѓачи утрово во Кабул киднапирале, а потоа и убиле три лица кои работеле за француската компанија за храна и менаџмент „Содексо“. Меѓу жртвите е македонски државјанин, а останатите двајца се од Индија и Малезија. Локалната полиција соопшти дека покрај телата на жртвите биле пронајдени нивните лични документи.

извор: Makfax