Врз основа на потпишаниот договор со Република Турција за донација на медицинска опрема и средства наменети за здравствениот сектор на Република Северна Македонија, која се состои од 50 000 парчиња заштитни медицински маски, 1000 заштитни скафандери и 1000 дијагностички теста, МНР информира дека денеска во 14.30 часот на Меѓународниот аеродром Скопје, помошта ќе биде предадена на министерот за надворешни работи, Никола Димитров, и земеник-началникот на Генералштаб, Азим Нуредин, од страна на амбасадорот Хасан Мехмет Секизќок.

извор: Makfax