Саемот во организација на Министерството за финансии ќе се одржи во трговскиот центар Рамстор од 20 до 28 декември и на него ќе учествуваат градежни компании, банки и компании поврзани со домувањето.

Во пресрет на новогодишните празници, но и големото извлекување за стан од наградната игра „Фискална во рака, награди без мака”, последните два дена од саемот 27 и 28 декември, ќе се организира целодневна забава со многу награди, бендови, пејачи, сооптшуваат од Министерството за финансии.

Сите посетители на Саемот тие два дена можат да станат добитници на награди доколку со себе понесат 10 пликови со по 20 фискални сметки за учество во „Фискална во рака, награди без мака”.

Пликовите заедно со 6 клучиња што ќе ги соберат од штандовите на саемот ќе можат да ги заменат на лице место за пакет грепки од Државна лотарија, но и да погодуваат на Среќната табла за вредни награди кои ги обезбедија Рамстор и учесниците на саемот.

Сите пликови кои ќе се донесат во Рамстор ќе учествуваат и утредента, на 29 декември во извлекувањето стан, дуќан или автомобил во наградбата игра “Фискална во рака, награди без мака”.