Светот плачеше кога во сообраќајна несреќа во Париз загина принцезата Дајана пред 21 година.

Бракот на принцот Чарлс и принцезата од Велс, Дајана бил пред распад .

1996 година кралицата објавила во парламентот дека принцот од Велс и Дајана се разведуваа, и ќе стори се нивните синови да пораснат со заедничко внимание од родителите.

Дајана после разводот добила дел од Кенсингтнската пала да ја користи, 17 милиони фунти и слобода, но ктралицата и ја одземала титулата ХРХ, со што останала само Дајана, принцеза од Велс.

Тоа значело дека дека пониското рангирани достојници нема да и се поклонуваат, а загубила и други бенифиции кои ја носи титулата ХРХ. Наводно 15-от принц Вилијам и ветил на мајкаси дека ќе и ја врати титулата кога тој ќе стане крал.

Иако тогаш се мислело дека губењето на титулата ХРХ ќе и донесе слобода, сепак тоа не било така. Некои сметаат дека титулата можела да и го спаси животот.

Имено, членовите на кралското семејство кои ја имаат таа титула имаат најдобро осигурување 0-24, па со тоа можело да се одбегне трагедијата кога пијан возач ја одвел во смрт на 31 август 1997 година.