Пандемијата на коронавирус ќе предизвика глобална рецесија во 2020 година што би можела да биде полоша од онаа што се случи за време на глобалната финансиска криза 2008-2009, но глобалното економско производство треба да закрепне во 2021 година, објави денеска Меѓународниот монетарен фонд.

Главниот извршен директор на Фондот, Кристалина Георгиева, ги поздрави вонредните фискални мерки веќе преземени од многу земји за зајакнување на здравствените системи и заштита на погодените компании и работници, како и чекорите на централната банка за олеснување на монетарната политика, пренесе Ројтерс.

Таа нагласи дека 80 земји веќе побарале помош од Фондот.

извор: Makfax