x

Младите сили го држат Арсенал во игра за Европа (ВИДЕО)

Фудбалерите на Арсенал славеа со 2:0 на гостувањето кај Саутемптон благодарение на головите на младите Вилок и Нкетуа и се уште остануваат во игра за едно од местата кои водат во европските купови следната сезона.

Момците на Микел Артета одиграа одличен меч и уште од самиот старт покажаа дека имаат голема желба за надигрување. Со голот на Нкетиа во 20. минута успеаја да дојдат во водство од 1:0, а одличната игра беше крунисана со гол на Вилок на 5 минути пред крајот за конечни 2:0.

 

Во вториот меч кој беше од особено важност во битката за опстанок, Барнли дојде до три бода во дуелот со Ватфорд победувајќи минимално со 1:0. Со оваа победа Барнли и теоретски го обезбеди местото во елитата за следната сезона, додека Ватфорд и натаму останува во групата екипи кои грчевито ќе се борат за опстанокот.

Standings provided by Sofascore LiveScore

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата