Инспирирани од вчерашниот настан, од подмладокот на ВМРО-ДПМНЕ, денеска му оставија пелени на скопскиот градоначалник Петре Шилегов пред седиштето на Град Скопје.

Градоначалникот Шилегов, вчера ги посети жители пред Т.Ц. Скопјанка кои седеа до доцна во ноќта поради непријатниот и загушлив мирис во нивниот влез, кој се испостави дека е од многу искористени пелени од станот на две старици и со снимка ги убедуваше жителите дека е безбедно да се вратат дома.

-Граѓаните пријавија непријатна миризба и проблеми со респираторниот систем. Градскиот штаб излезе на лице место. Го обезбедивме просторот. Повикавме посебни единци бидејќи граѓаните се жалеа дека миризбата влијае на нивното здравје. Во станот број 11 се најдени користени пелени кои не биле фрлени. Моментално полицијата и противпожарните екипи вршат увид. Откако ќе завршат, екипи за дезинфекција ќе го исчисти станот. Повикани се и екипи од Центарот за социјални работи за да ги згрижат станарите од станот 11 за да не дојде повторно до ваква непријатна ситуација, рече градоначалникот Шилегов вчера.