x

Младите одбојкарки се собраа на камп во Берово

odbojka-zeni-u-19-1

Селекторот на македонската женска одбојкарска репрезентација до 19 години, Ненад Михајловиќ, вчера го почна декемврискиот собир од мисијата „Европско првенство 2022“. Откако поради здравствените околности беше попречена активноста на националниот тим во октомври и во ноември, нашите репрезентативки овојпат ќе тренираат во Берово.

Стручниот штаб на списокот има вкупно 26 одбојкарки од коишто три не се во тренажен процес периодов, па ќе го прескокнат овој термин. Михајловиќ вчера одржа еден тренинг, а од денеска до недела девојките ќе работат двапати дневно по два часа. Кампот во Берово ќе заврши со претпладневен тренинг во понеделник.

Во опција се и две контроли, по што стручниот штаб ќе има повеќе показатели за да ги одреди 18-те репрезентативки коишто во јануари ќе патуваат во Белград, каде што се предвидени пријателски натпревари со екипи од Србија.

На кампот во Берово, селекторот Михајловиќ повика осум одбојкарки од Јанта волеј Форца: Калина Пејоска, Мери Бошковска, Ангела Трајкова, Анастасија Овнарска, Ива Стојкоска, Катерина Чочовска, Ира Делеска и Надица Антеска. Ана Јаничиќ, Теодора Шукуловска, Зорана Станковска и Марија Василевска се од Вардар ЕМ, од Пелистер волеј доаѓаат Стефани Најдановска, Меланија Каралиоска и Анастасија Ристевска, трио има и од УГД Студент: Мила Вакувска, Мила Долдурова и Јасна Смилков, како и од Наковски волеј: Добрина Хаџи Тосева, Тинка Недева и Марија Пакетова. Марија Митева го носи дресот на Виктори волеј, Теодора Бојкова на Борец Брако, а поради повреди и други околности деновиве со националниот состав не се Клара Бликов од Фит фан волеј, Кала Дренковска од Вардар ЕМ и Ива Чадиковска од Јанта волеј Форца.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата