Меѓу средношколците кои не сакаат да студираат дури 39 отсто ученици од Суботица и 43 отсто од Белград имаат намера да си заминат во странство.

Ова се податоци од истражувањето на “Инфостуд” извршено врз 294 ученици, меѓу кои еднаков број од Суботица и од Белград. Учениците од Белград учат во Медицинско училиште и гимназија, а од Суботица во средно техничко и економско училиште.

Претходно половината од анкетираните изјавиле дека сакаат да студираат, 5 отсто ученици од Суботица и 18 отсто од Белград се уште се двоумат, а 44 односно 32 отсто изјавиле дека не знаат дали ќе се запишат на факултет. Третина од учениците одговориле дека за изборот на студии пресудни биле информации до кои дошле самите, а на четвртина влијаеле сугестиите од родителите и советите од пријателите.

Истражувањето исто така покажа дека меѓу учениците кои не сакаат да студираат, четвртина во Белград и 31 отсто во Суботица таква одлука донеле поради финансиски причини. Седум отсто мислат дека формалното образование не е најважно.

Инаку, кај средношколците најомилена е друштвената мрежа Фејсбук, на второ место е Инстаграм, а на трето Гугл плус. Омилени апликации за мобилни телефони исто така им се Фејсбук и Инстаграм.