Најголем број новозаразени со корона вирусот од почетокот на епидемијата има денеска во Кавадарци. Дури 10 нови се позитивни на ковид, потврди за Фактор, д-р Ристе Јовановски, специјалист епидемиолог во Центарот за јавно здравје на Кавадарци.

Од десетте нови случаи, шестмина се тинејџери од 18 и 19 години. Младите не ги почитуваат мерките за заштита, а се групираат, излегуваат се дружат, заради што и не знаат да кажат од кого се заразиле. Некои од нив ни рекоа дека имале болен во семејството, но останатите не ги кажуваат контактите, заради што многу е тешко да се воведе контрола. Инаку, сите тинејџери се на домашно лекување, со лесни симптоми, некои дури се и асимптоматски. Како и да е, очекуваме да се зголеми бројот на заразени бидејќи кафулињата во градот се полни, гужва е насекаде, а маска ретко кој носи, вели д-р. Јовановски.

Тој појаснува дека останатите четворица новоинфицирани исто така се млади луѓе на возраст од 30, 33, 38 и 51 години, а истовремнено додава дека голем е и бројот на граѓани во Кавадарци лои чекаат да направат тестирања, односно да им се земе брис за Ковид-тест.

Во моментов во Кавадарци има 31 активни случаи, а во општата болница нема инфективно одделение, па доколку е потребна хоспитализа ција на пациентите ги носат или во болницата во Велес или пак во Скопје.

извор: Faktor.mk