Една од најголемите загатки на пандемијата од коронавирусот Ковид 19 е фактот дека вирусот сериозно ги напаѓа постарите лица, но и покрај тоа има значителен број на млади лица кои се сериозно погодени, а претходно биле здрави и прави.

Во некои случаи, за вирусот се дознава дури по добивањето на тешки симптоми кои што не биле дијагностицирани порано, но има и такви кои се уште немаат коморбидитети, а развиле потешки симптоми.

Постојат неколку научни теории зошто е тоа така. Некои истражувачи веруваат дека количината на вирусот којшто го заразува лицето може да има потежок исход. Ако вирусот во голема количина навлезе во организмот, исходот може да биде многу лош дури и кобен.

Други тврдат дека е виновна генетската осетливост, односно дека постојат лица чии гени се ранлици на ваков тип на вируси. Со оваа најнова идеја се согласува вирусологот Мајкл Скинес од Лондонскиот колеџ.

„Можеби некои од нас имаат различен генетски состав, поради што тие веројатно ќе одговорат лошо на инфекцијата од коронавирусот “, изјави тој за „Гардијан“.

Пример за таква чувствителност е вирусот на херпес симплекс. Кај некои луѓе, мутација која влијае на клеточните рецептори познати како TLR3 во централниот нервен систем не им дозволува да се справат со најлошото влијание на вирусот – така тие стануваат заразени со вирусот на херпес симплекс енцефалитис, што може да доведе до напади и конвулзии кај деца.

„Гледаме дека некои луѓе имаат сличен вид на подложност од заболоување со Ковид 19, што доведува до потешки симптоми“, рече Скинер.

Други пак сметаат дека големо вирусоно оптеретување делува како да имаат во организмот повеќе вирусни честички отколку оние со помало оптеретување, односно оние кои подобри реагират на вирусот.

„Сè уште не знаеме дали постои врска помеѓу големо оптоварување со вирусот и полошите исходи. Тоа е една од најважните работи што треба да ги знаеме сега “, рече вирусологот Алисон Синклер од Универзитетот во Сасекс.

Имунологот д-р Срѓа Јанковиќ вели дека младите луѓе можат да развијат потешки симптоми на коронавирус и тоа кај нив може да се смета како Ахилова пета.

„Секој може да се зарази, секој може да го прележи вирусот со не толку тешки симптоми, но има некоја скриена Ахилова пета, или предиспозиција кај луѓе кои не знаат дека имаат посебна медицинска состојба, може да немаат дијагноза, нешто што е наведено порано. Во оваа ситуација, ние даваме приоритет да ги заштитиме старите лица, но и покрај тоа, сите треба да се однесуваме како сите да ризикуваат и да не размислуваме за тоа кој е заштитен, а кој не“ изјави Јанковиќ