Откако вчера ги загубија реалните шанси за пласман на СП, младинките денеска згубија од домаќинот Франција со 33:21.

Теоријата велеше дека Македонија може да се надева на првото место во групата кое единствено носи на Мундијалот со победа од, најмалку, 11 разлика. Меѓутоа реалноста потврди дека таква разлика е многу пологична со негативен предзнак во дуел со фаворитот во групата.

Наташа Нолевска беше најефикасна во македонскиот тим, со шест гола, по четири постигнаа Леонида Гичевска и Сара Ристовска. Со порази од Франција и од Словенија и со победа над Израел, младинките завршија на трето место во квалификациите.