x

Младеновски потпиша за дански Фремад

mladenovski-fremad

Фремад Амагер е новиот клуб на младиот стопер Марио Младеновски. Станува збор за дански второлигаш, кој минатата сезона ја заврши на 4. место, а сезонава со амбиции за пласман во „елитата“.

Младеновски беше на тестови во Динамо Киев, и се шпекулираше за негово враќање во Вардар, но од тоа нема ништо.

Во последните неколку меча, добива повик од страна на селекторот Игор Ангеловски.

Инаку посредник во трансферот е Горан Попов кој што сега работи како менаџер.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата