x

Младата селекција вечерва на мегдан со Шпанија: Мотив има, но не и страв од европскиот првак!

milevski-mlada-1

Младата репрезентација вечерва на Националната Арена „Тодор Проески“ во 18:45 часот игра против силната Шпанија во квалификациите за пласман на ЕП. Најтрофејната репрезентација на Европските првенства со пет титули, и актуелен европски шампион е селекција која дава дополнителен мотив на нашите момци, без страв да покажат што знаат и да успеат да извлечат поволен резултат, во битката по местото број 2 на табелата кое може да донесе место меѓу најдобрите европски млади селекции.

Не треба да се трошат зборови за Шпанија, репрезентацијата составена од играчи кои играат во силната Ла Лига, дел од нив во гигантите Барселона и Реал Мадрид. Најсилна селекција во групата, но токму од тука нашата селекција нема што да загуби, напротив може многу да добие. Желба за надигрување има, барем такви се најавите од националниот тим во изминатите неколку дена додека траеја подготовките за овој дуел.

„По промената на системот за пласман на ЕП и она кој и како ќе се квалификува не ни останува ништо друго освен да одиме на победа на секој меч и да собираме што е можно повеќе бодови. Момците покажаа дека имаат квалитет и да се спротистават на најдобрата репрезентација во Европа. Тоа ми дава за право да бидам оптимист. Секако дека има и што да поправиме, па на овој натпревар да бидеме во текот на целите 90 минути онака како што планираме“, изјави селекторот Благоја Милевски.

Првиот меч во Мадрид заврши со триумф на „Фуријата“ од 3:0. Ова е добра можност и за реванш, особено ако се има во предвид дека често Шпанија се мачела да ја совлада Македонија во сениорските настапи.

Шпанците доаѓаат во добра серија во Скопје. Тие на последните 10 меча не знаат за пораз, со биланс од осум победи и две „ремија“.

Македонија после Шпанија, оди на гости кај Фарски Острови.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата