Велимир Вукиќ ја задавил со кабел поранешната сопруга Зденка Слујка во изнајмен стан на адресата улица “Корнелие Станковиќ” во Нови Сад, пишуваа вчера српските медиуми.

Имено, според пишувањето на медиумите во Нови Сад, тие двајца пред три месеци формално се развеле по 10 години брак и имаат два сина, на седум и на 10 години.

Децата останале да живеат со мајката, а таа на поранешниот маж токму поради децата, му дала уште една шанса заедно да живеат и изнајмиле стан во кој се вселиле пред неколку дена.
Наводно, тие почнале расправија поради тоа што Вукиќ повторно почнал да пие.

-Кога си отидоа децата, почнавме да се расправаме, затоа што јас повторно почнав да пијам. Ми пукна филм и ја убив, кратко изјавил за полицијата Вукиќ.

Тие кои го познаваат за него велат дека е психички болен, кој неколку пати се обидел и самиот да си го одземе животот.

Српски “Курир” пишува дека по убиството тој и се јавил на сестрата на неговата поранешна сопруга.

– Бев на пливање со нивните деца. Кога се враќавме, ми се јави жена ми и врескајќи ми рече дека Велимир и кажал дека ја убил сестра и дека неа веќе ја нема. Веднаш повикав полиција, ги оставив децата кај жена ми, дојдов овде и се уверив дека будалата стварно ја убил, изјавил за полицијата зетот на Зденка, кој додал дека таа на Велимир не му правела никакви проблеми редовно да ги гледа децата.

Полицијата до доцна во ноќта правела увид на местото на злосторството.