x

Мишов и во наредните шест месеци во нападот на Тиквеш!

 

Александар Мишов и во наредната сезона ќе биде дел од Тиквеш. Како што дознаваме, Академија Пандев, чиј играч е кавадарчанецот, повторно ќе го прати младиот напаѓач на позајмица во Тиквеш со шанса одново да ги искаже сите свои неспорни квалитети. Тој ќе биде големо засилување за составот на Раде Цицмиловиќ кој во нападот ќе има неколку квалитетни офанзивци како Мишов, Балдовалиев, Христов…

Кавадарчани не кријат дека амбициите им се пласман на првото место во Втората лига – исток и ништо помалку. Можеби со право зошто по имиња го имаат најдобриот тим во лигата.

Од друга страна пак Академија Пандев и без Мишов ќе има одличен напад, тука се Марјан Радески, Сашко Пандев, Емир Скендери, Марио Крстовски…

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата