Претседателот на најголемата грчка политичка партија Нова демократија, по средбата со грчкиот премиер, ја отфрли можноста да и даде поддршка на Владата за формирање на поширок национален консензус за прашањето со името.

Кирјакос Мицотакис по средбата со Алексис Ципрас, јавува дописникот на МИА од Атина, упати критики за начинот на кој грчката Влада управува со конкретното прашање.

Тој рече дека биле направени отстапки без конкретни и неповратни добивки, а Ципрас, наместо да создаде силен национален фронт, на прво место ја ставил партијата и „на овој начин го затвора прозорецот на можност што околностите го понудија да се искористи”.