Владата денеска ги изгласа новите рестриктивни мерки за справување со пандемијата од Ковид-19 кои ги препорача Комисијата за заразни болести во текот на вчерашниот ден, а се однесуваат на поголеми рестрикции за време на празниците, како ново работно време до 18 часот за угостителите, но и забрана за организирање на прослави, како и забрана за изнајмување на викендици.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски овој чекор на носење на мерки веднаш после изборите во Штип и Пласница го нарече лицемерен од сттрана на власта, велејќи дека чекале да завршат изборите за да донесат нови рестрикции.

Според Мивкоски лицемерно е што власта чекала да завршат изборите во Штип и Пласница и отккао се изнаиграле со плех музика на полноќ па да ги затворат угостителските објекти, односно како што рече тој што е различно од пред два дена и денеска.

Погледнете каква лицимерна политика чекаа да се завршат изборите во Пласница и Штип и за ден два што е различно од плех музиката во Штип и во Пласница на полноќ пред два дена и денеска, истакна Мицкоски