Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на денешниот мирен марш кој партијата го организира во Струмица истакна дека Македонците, луѓето на оваа земја со оваа влада ја губат државата.

-Овие паралелни светови каде од една страна ги имаме властодршците оние кои ги уживаат придобивките дадени од народот, а од другата страна токму народот опкружен со сиромаштија и очај

доведуваат до она што и токму се посакува во овој момент, а тоа е удар врз самодовербата на нашиот народ и земја, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски им укажа на граѓаните дека власта сака тие да се поколебаат, да бидат неодлучни, да бидат потчинети.

-Кога ќе ви речат “северномакедонци”, да речете добро не можело поинаку, иако и можело и морало поинаку, за кога ќе ви кажат морало да се избрише зборот Македонија да си речете еве барем ќе имаме некаква иднина како другите во Европа, а во реалноста, таа е сурова, за да бидеме како Европа потребно е многу работа и посветеност и ништо друго и ништо повеќе, затоа што кога ќе ви речат економијата е лоша зошто претходно не се работело, да си речете добро барем се трудат, иако знаете дека нема да биде подобро, а сега е лошо само затоа што не работат. Затоа им требате неодлучни и затоа целта е напад врз самодовербата, да го контролираат вашиот систем на сфаќања и светолгед, нагласи Мицкоски.