По штабовите на СДСМ се зборува дека Зоран Заев сакал да биде македонскиот Мило Ѓукановиќ, долгогодишен премиер, па претседател на државата. Да игра за Западот, а тој да му прогледува низ прсти за криминалот. Заев се расфрлал и со наводни ветувања за втор мандат ветен од Западот.

Овие гласни шпекулации во јавноста ги повтори денеска и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, кој на завршниот митинг од Разговорите за обнова на македонија се обрати пред скопјани.

Тоа е суштинска грешка и една од причините за целиот хаос овде. Ај што го навредува овој искусен политичар, туку и покажува какво мислење има за својата земја, својот народ, и фактот дека се што збори се празни зборови, а покажува и големо потценување кон европските институции, вредности и принципи. Епа затоа младите сакаат да си одат, незадоволни се, гледаат што се случува. Политиката е многу повеќе од раката ставена на срце, од таа насмевка на незнаење и глумење наивност во која никој не верува. И секако оние шеги кој никој не ги разбира, за душата, срцето и петата, па и неговите изјави дека со сила можеш да му дадеш, ама не можеш да му земеш, дека Турците се бореле против Османлиите, па тој заевизам заразно пренесен кај другите од раководството во неговата партија, дека Борис Сарафов откако умрел, го убил Ѓорче Петров, па до тоа дека треба да сме горди што знамето на Аризона се веело на опашката од авионот на силите на САД, ама требало да мислиме дека е македонското знаме. Па до оние моменти на вистинското лице на власта каде на народот му порачуваат “никад да не не гласаш”, па се до чесната и напатена жена tetka Перса од Волково, која на лицемерот во очи го посипа со реалноста дека условите за живот се како од 15 век, наспроти убедувањата на власта дека има асфалтирана улица, случка што потсетува на она од времето на Тодор Живков “оваа дупка не е дупка”, рече Мицкоски.