Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски,  денеска преку неговиот фејсбук профил уште еднаш го обвини премиерот Зоран Заев дека неговите ставови не траат долго. Ваквата реакција на Мицкоски доаѓа откако вчера премиерот Заев повторно го промена неговиот став за лидерска средба откако ден претходно најави дека ќе свика лидерска.

„На Заев ставовите не траат долго, затоа што не му е тешко да излаже. Тоа е нешто што кај луѓето создава несигурност и проблеми.

-Тераше корона избори, вечерта славеше, следниот ден броеше мртви и заразени, воведе поостри рестриктивни мерки.

-Ветуваше ветинг, но на крај се потпре на сигурните трас-трас судии кои се одзиваат на неговите смс пораки.

-Бугарите на бугарски медиуми ги прогласи за ослободители и администрација, а дома глуми лажен патриот.

– Ветуваше правда, сега криминалците јадат од неговата рака.

-Најново, завчера ветуваше лидерска средба, а веќе вчера го смени ставот и се премисли, напиша Мицкоски на Фејсбук.

Меѓудругото лидерот на опозицијата истакна дека на Заев не му е проблем да излаже и да се колне во жицата додека преговара за идентитетот.

„Ако некој не му е јасно вака лаже постојано како што сега тоа го прави. Нема проблем да излаже и кога се колне во жицата додека преговара за идентитетот. Излезот е изворот на сите проблеми Заев да си замине, стои во неговиот пост на фејсбук.