Во 17 часот денес се состанува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и потпретседателите со претставниците и претседателите на политичките партии од коалицијата за Обнова на Македонија.

На средбата ќе се разговара за преговорите со Бугарија и можната блокада на патот на европските интеграции.

Ќе се носи заклучок кој ќе содржи јасни ставови во однос на преговорите со Бугарија и клучните прашања врзани со јазикот, историјата, идентитетот, положбата на македонското малцинство.

Оваа средба доаѓа откако премиерот Заев буквално ја исклучи јавноста и опозицијата од било каков процес на разговори и без национален консезус на ваквите стратешки прашања

Сите општествени фактори од државава не се во тек со разговорите кои се однесуваат за европските интеграции, и посебноста на македонскиот јазик и нацијата.

Како што дознаваме, на состанокот кој ќе се оддржи попладнево во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ ќе се разговара и ќе биде усвоен заклучок кој ќе соддржи ставови за клучните позиции на опозицискиот блок за „Обнова на Македонија“ во однос на преговорите со источниот сосед.

Во недостиг на информации од владата и без национален консензус за тоа што се преговара од страна на Заев, ВМРО-ДПМНЕ со партиите од коалицијата ќе дефинира позиции кои се во насока на заштита на стратешките државни и национални интереси.

По завршувањето на состанокот со коалицијата, приближно околу 18 часот претседателот Мицкоски, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и коалициските партнери ќе се упатат пред Владата каде од страна на Мицкоски ќе биде дадена изјава за медиуми.