ВМРО-ДПМНЕ се обврзува  на раст на економијата над 4%, истакна денеска лидерот на партијата на денешниот дуел со претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

Мицкоски истакна дека тие имаат јасен план и методологија која што наидува на поддршка од сите засегнати страни, синдикатите, стопанските комори и граѓаните, со кој ќе го постигнат планираниот раст во нивната предизборна програма.

Ние имаме јасен план, јасна методологија и јасен концепт кој што наидува на поддршка од стопанските комори и од синдикатите, но и од граѓаните. И ние кога зборуваме за раст од минимум 4% истовремено ја објаснуваме и методологијата како до тој раст од 4%, рече Мицкоски.

Мицкоски објасни дека 4% Бруто Домашен Производ е растот со кој што државата напредува во економска смисла на зборот, за жал, додаде тој, денеска ние не само што не напредуваме, туку и назадуваме, бидејќи инфлацијата го има изедено оној симболичен раст кој што го споменуваат од СДСМ

Мицкоски потсети дека за изборите кои што се планираа да бидат во април месец, тогаш Заев од седиштето на СДСМ, најавуваше просечна плата од 36 илјади денари нешто што за после изборите од 15 јули, како предизборно ветување го има просечна плата од 24 илјади денари.

Инаку ќе ве потсетам, доколку изборите се одрржеа во април месец, на оние прес конференции на кои што Зоран Заев ги држеше во седиштето на Бихаќка, како претседател на СДСМ, најави просечна плата од 36 илјади денари, сега на намали на 34 000 денари. Тоа значи дека таа плата која што успеа изминатите три години, со сиот интервентенизам, со сиот притисок да ја покачи симболично за нацели три илјади денари а треба да ја покачи за четири години некаде околу девет илјади денари. Тоа е сериозен предизвик и јас навистина не би можел да се сложам бидејќи не можам да најдам јасна меетодологија во нивната програма, како до таа просечна плата која што ја ветуваат, појасни Мицкоски.