Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција истакна дека тие како партија се обврзуваат да интервенираат во законот каде што ќе се овозможи лекарите покрај услугите кои ќе ги вршат во државното здравство, да можат да даваат услуги и во приватното здравство.

Истовремено се обврзуваме да веднаш во првите 100 дена да интервенираме во законот, каде што ќе се овозможи на медицинскиот персонал, лекарите, техничкиот персонал заедно со лекарите да можат покрај услугите кои што ќе ги даваат во државното здравство, да даваат услуги и во приватното здравство. И обратен процес, да може лекарите кои што даваат услуги во приватното здравство да можат да даваат услуги во државното здравство.

Тој исто така така додаде:

Се обврзуваме на обнова со која што ќе овозможиме утврдување на достоинствена гарантирана плата за специјализанти и платени дежурства. Со тоа ќе го заштитиме нивниот стандард, но и воедно ќе ги поттикнеме истите тие да се развиваат. Оние кои преставуваат иднина на македонското здравство мора да ги направиме да бидат задоволни и да имаат платен труд. Се обврзуваме на обнова која ќе значи ревидирање на позитивната листа, повеќе бесплатни лекови за ранливите групи. Ќе се ревидира листата на лекови, што ќе значи повеќе бесплатни лекарства за оние на кои тие им се најпотребни, истакан на прес конферениција Христијан Мицкоски.