Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вечерва беше во посета на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Чаир. Тој рече дека СДСМ води национален проект на понижување, омаловажување и уништување на Република Македонија, а паралелно има процеси преку уценети и инструирани структури кои се обидуваат да се нанесе сериозен удар врз ВМРО-ДПМНЕ и врз самите членови.

Мицкоски посочи дека според „Транспаренси Интернешнл“ Македонија е падната за 50 места или на 112 место на индексот на корупција што не сместува некаде со Танзанија и Етиопија. Мицкоски зборуваше и за судските процеси.

„Ќе се појави некој сведок кој ќе каже како тоа ВМРО-ДПМНЕ било вакво или такво и како пратично ВМРО-ДПМНЕ се претстави во јавноста како злосторничка органзација за да им се даде потоа правен легитимитет за овие структури да можат да нанесат удар врз ВМРО-ДПМНЕ и практично да го забранат ВМРО- ДПМНЕ да постои. Затоа што така ќе бидат најсигурни. Тоа е проектот кој го прави СДСМ преку своите структури во судството, обвинителството со нарачани сведочења и решението е да се побара правен основ да не постои повеќе партијата“ рече Мицкоски.

Мицкоски рече дека имало притисоци и закани за губење на работните места.

„После првиот наш протестен марш што ни се случи пред владата минатата среда 15 луѓе кои сосема случајно учестувале и биле присутни на тој марш во 6 утрото имаа рација од страна на МВР. Денеска истото се случува ширум македонија. Имаме докази за претреси во Велес, Охрид и тоа повторно со наоружани припадници на МВР и им се одзимаат нивните лични предмети“, рече Мицкоски.

Тој го спомна скандалот со новото прислушкување на судиите и јавните обвинители и притоа запраша како може да им се верува на нив и во нивната независност.

извор: Makfax