Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешната средба со заменикот помошник државен секретар на САД за Европа и Евроазија, Метју Палмер обвини дека е неодговорно и антидемократски што власта се одлучила на чекор да заобиколи компромис и одбила да ги прифати аргументите на опозицијата во однос на формулирањето на референдумското прашање.

„Со таквото однесување се нарушуваат демократските процеси, а од една одговорна влада се очекува соработка и принципиелен дијалог за вака едно чувствително прашање“, истакна Мицкоски.

На средбата, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ потенцираше дека државата, граѓаните и надворешните пријатели на Македонија стануваат заложник на неодговорна и непринципиелна политика на политичкиот естаблишмент на власта, како и креираните очекувања кои сега не се во состојба да ги реализираат.

Мицкоски додаде дека ВМРО-ДПМНЕ е политичка партија за која клучни приоритети на надворешно- политички план и се членството во НАТО и ЕУ, и развојoт на односите со САД.

Соговорниците се согласија дека процесот на Евроатланска интеграција на Македонија е единствен пат кон обезбедување на стабилност во регионот.

извор: Makfax