Лицата кои се споменати во материјалите објавени од Ла верита или пак ќе бидат споменати во искази, а притоа се фотографирале со Бојан Јовановски треба да бидат повикани да дадат исказ во Обвинителството, смета претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, кој вечерва гостува на 360 степени.

Јас не викам дека треба да бидат повикани да дадат исказ другарчињата од маало на Бојан Јовановски кои се сликале со него на роденденска забава. Погледнете го оној Меѓународен сојуз и неговиот управен одбор, кој е се таму, кој е почесен претседател на тој сојуз и се ќе ви стане јасно, рече Мицкоски.