Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на денешниот протест обвини дека Заев и СДСМ  за да ја покријаст нивната политичка бедотија и неспособност го обвинуваат него и партијата дека немаат став за ништо.

„Во ситуација кога ништо не работат, најдоброто што знаат да го изустат, е дека Мицкоски немал став за ниту едно прашање со надеж да ги свртат погледите кон нас за да не се види нивната политичка бедотија и неспособност. Епа еве да кажам дека ВМРО-ДПМНЕ нема прашање за кое нема јасен и прецизен став, исто како што Заев и неговата магарешка влада немаат решение за ниту еден проблем кој што е секојдневие на народот во Македонија,порача Мицкоски.