Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на вечерашната дебата со лидерот на СДСМ, Зоран Заев на Македонската телевизија кажа дека има лице кое јавно на суд во завршни зборови кажа дека сите рекетирани пари завршиле таму и таму.

Мицкоски додаде дека кога има ваков случај мора надлежните еднаш да делуваат, но тоа не се случи.

– Замислете, јавниот обвинител не се дрзна да ги повика тие лица да посведочат каде завршиле тие пари, дали завршиле кај нив, кај посочените лица, рече Мицкоски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ укажа дека треба да бидеме чесни и така да постапуваме. Мицкоски го повика Заев кога цитира нешто да биде доследен и да кажува точно и се како што било.

– Инаку кога зборуваме за останатото, јас мислам дека не треба во Македонија да се води политика по принципот на војаеризам, со снимање, со преснимување, со монтажи, со демонтажи итн.“, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во дуелот со Зоран Заев на МРТ.

Мицкоски додаде дека не треба на политичарите им се вади кажаното од контекст, и тоа најостро го осудува.

– Така што ваков тип на политика ја осудувам , но како што кажав на почетокот во оваа држава на таков начин политика води едно лице кој што самиот јавно на прес конференција тоа го призна и го кажа, а тоа беше господинот Зоран Заев. Тој се самопрогласи за Бошко Буха. Јас тука нема што да додадам, појасни Мицкоски.

Мицкоски посочи дека треба да се води чесна политики поткрепена со факти и реални мерки, а не со лаги и манипулации. Но крајот на таа политика поткрепена со лаги и манипулации и доаѓа крајот.