“Браќа земљаци и мили комшии“, овие зборови го означија почетокот на револуционерното востание на илинденците, точно пред 115 години, и еве сега на истиот ден, 115 години потоа, собрани тука во Ташмаруниште и на сите краеви во Македонија каде што се слави овој ден си го честитаме овој голем празник на Македонија, на Македонците, на сите нас, на сите оние кои што им значи Македонија нешто во животите и кои што имаат национална самосвест за тоа што предците го направиле за нив за да можеме ние денеска заеднички да ја градиме иднината, вака од Ташмаруниште лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, го започна својот говор пред насобраните граѓани.

Гледаме како премиерот на Владата и естаблишментот околу него, вели Мицковски, силно се удираат во гради дека биле за Европската унија, а демек сите ние останати кои што не ја споделуваме нивната капитулација не сме биле за ЕУ. Да не знаевме со кого си имаме работа може и некој ќе им поверуваше, а вака сето тоа удирање во гради за Европската унија завршува во секундата кога ќе се подели по некој наместен тендер во здравството, или државна помош на фирмата на вицепремиерот, па затоа за да се одбегне јавноста кругот ќе се прошири со фирми на нивните кумашини, или пак кога вицепремиерката задоволувајќи ги своите хедонистички пориви ќе отиде на ручек со хеликоптер, а додека во болниците имаме недостаток инкубатори за новороденчињата, кога има недостаток на медицински возила, или кога полицајците и војниците патролираат пешки бидејќи немааат доволно превозни средства возила, а единственото оправдување е дека немало доволно финансии за тоа“, изјави Мицкоски.

Од една страна имаме премиер кој заедно со својот естаблишмент за да го сокрие своето минато и за да може да ги покрие сите оние работи кои ги прави заедно со луѓето околу него го покриваат со една реченица, ние сме за ЕУ. Не, ЕУ не почитува такви вредности. ЕУ се брани од таков тип на политичари. Свесен и знам дека денес со една лажлива и театрална насмевка и нескриен однос луѓето од власта ќе кажат како биле за сплотеност и обединетост. Но, тоа се само зборови, а делата, делата, додава Мицкоски се сосема поинкави.

„За каква сплотеност се говори кога на сила без консултации туркааат референдумско прашање за смена на името. Кога секој втор ден прогласуваат предавници и патриоти, кога има пратеници и други невини жртви оптоварени со политички конструирани случаи само со единствена цел да се скрши ВМРО-ДПМНЕ и непокорот на Македонците во нашата мила Република Македонија. Вистинската сплотеност треба да започне преку одбрана за државните и национите интереси, и тука доколку се согласи СДСМ секогаш ја имало нашата подадена рака затоа што Македонија е пред и над се, не треба тоа да го заборават ниту тие, ниту ние, а ниту секој граѓанин во нашата Република Македонија“, посочи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Во Европска унија, додава тој, нема да најдете најблиските соработници на премиерот да си делат милионски тендери, нема да видите министри на било која земја членка на ЕУ да претура од џебот на граѓаните во својот приватен џеб како што е аферата криминални иновации, нема случаи неговите приватни фирми да добиваат “сосема случајни тендери”, или пак истите случаи мултиплицирани кај пратеници, функционери на партијата на власт. Во ЕУ нема актуелени градоначалници кои се апсат за шверц со цигари. Такви вредности во ЕУ нема. Нема случаи во Европската унија каде 35 милиони евра тендер се мести за фирма која е основана само неколку недели пред објавување на тендерот. За какви европски вредности тука говориме. Говорењето за Европска унија не го прават човекот европеец, туку делата, а делата гледаме дека ги нема.

Додека бев во касарната во 2002 година и 2003 година како дел од македонската гарда и кога бев во библиотеките по западните универзитети и кога бев заедно по клупите со моите студенти на универзитетот и кога сум сега исправен пред вас, сонував еден сон, а како што посочува Мицкоски, тоа беше сонот на мојата генерација да ја види оваа држава горда, достоинствена исправена Република Македонија. И сега на крај, нема да ви дозволам да ме разбудите во кошмар, ќе го досонувам јас мојот сон и ве уверувам ќе ве поразиме жестоко што нема да знаете што ве снашло, дали тоа ќе бидат предвремени или редовни парламентарни избори, нагласи лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

извор: Makfax