На вечерашниот ТВ дуел  претседателот на ВМРО-ДПМНЕ г. Христијан Мицкоски истакна дека Зоран Заев е човекот кој ја опустоши и понижи Република Македонија. Освен криминал, корупција и рекет, друго ништо нема направено за државата. Исто така Мицкоски потенцираше дека тоа што Зоран Заев го има во спотовите на ВМРО-ДПМНЕ, кажува за Зоран Заев и неговата криминогеност и тоа е слика која што народот има право да ја знае.

 Не се тревожете премногу околу тоа дали некому сте ноќна мора или не. Мене не сте ми сигурно. И јас баш би сакал да се видиме и после изборите на кои ќе победи ВМРО-ДПМНЕ, но тогаш ќе се видиме на едно друго место каде што Вие ќе мора да ја докажувате вашата невиност”, вели Мицкоски.

За некој да ја одбрани сопствената чест, пред се треба да е чесен и честит човек. Зоран Заев не е човек кој може да се пофали со тие особини, напротив, тој човек е извор на незаконски постапки, заврши Мицкоски.

Во однос на Луј Витон торбата Мицкоски истакна дека доколку Зоран Заев навистина го пријавил рекетот уредно, тогаш би требало да има писмена белешка за таквата пријава, која тој всушност ја нема.

Господине Заев, Вие неколку пати велите дека сте го пријавиле случајот, а истовремено велите дека немате никаква писмена белешка за пријавата. Било кој граѓанин на Република Македонија доколку достави пријава во ЈО, добива писмена белешка за истата.  Нејсе, јас сакам истрагата да заврши до крај, точно да се знае каде се завршени тие пари, иако Јовановски веќе даде одредени траги и тврдења каде завршиле парите. Немојте да бидете нервозен, во интерес на сите е да се дознае вистината, вели Мицкоски.