Го нема Заев да каже дека го победиле Ковидот, како што велеше пред изборите., напиша лидерот на ВМРО ДПМНЕ на ФБ.

Го нема ниту министерот за здравство на дневни прес конференции на кои ќе ни каже дека сѐ е под контрола. Ја нема ниту политичката Комисија за заразни болести која, наместо здравствена политика, тера гола демагогија. Го нема ниту СДСМ да ги обвини Чулев или Димитриеска Кочоска за Ковидот, затоа што знаат дека сега сѐ е во рацете на Спасовски, Филипче и Владата.
Ги нема сите овие затоа што денес имаме 393 новозаразени од Ковид. А претходно ги имаше затоа што поткупуваа избори.

Денес нов црн биланс и нов пораз. Денес во 2020 година главната причина за смрт во Македонија е неспособноста на Владата, институциите кои молчат, немањето на систем за борба против Ковидот. Тие се виновни затоа што луѓе се заразуваат.

Неспособноста на мафијата убива!, напиша Мицкоски.