Христијан Мицкоски, лидер на ВМРО-ДПМНЕ во своето гостување во македонската телевизија најави дека по преземање на власт по 15 јули доаѓа времето на  луѓе кои си ја сакаат Македонија и кои заедно ќе работат со народот и заедно со народот ќе ја обновуваат Македонија од лошите политики на СДСМ и Заев.

-Господине Заев ова се сериозни времиња и за оние сериозни времиња треба сериозни партнери. Јас од вас господине Заев би сакал да видам конструктивен опозиционер во годините кои следат, дел од малото искуство кое го имате во политиката и менаџирањето во Владата да го споделите со луѓето во Парламентот затоа што треба да ги засукаме ракавите и да си ја обновиме Македонија. Ќе ги дознаете новите 3 инвестиции но и ќе дознате нови 30, ако треба и нови 300 затоа што завршува времето на политичари  елитисти кои што од Брисел само го паметат тепихот, доаѓа времето на луѓе кои си ја сакаат Македонија и заедно со народот ќе работат. Завршува времето кога политичарите владеат, туку доаѓа време на политичари кои заедно со народот ќе ја обновуваат оваа Македонија, истакна лидерот Мицкоски.