На новинарското прашање „Заев вели дека по промената на владата може да дојде до престанок на случаите на СЈО“, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вели дека тоа е само уште една лицемерна политика на Заев.

-Видете тоа е уште еден дел од оние лицемерни политики на Зоран Заев од една страна позади завесата охрабрува преку негови засилувачи во рамките на Уставниот суд амнестија а од друга страна јавно зборува за ова кое што вие го кажувате, има начин како тоа да се обезбеди и како тие случаи нормално да го доживеат својот успешен епилог, успешен тоа значи дали ќе има осудителна или ослободителна пресуда тоа е еден фер транспарентен судски процес кој што треба да се почека и да видиме како ќе завршат, но единствен ќе ве потсетам, кој што во оваа држава  обезбедуваше и договараше амнестија е токму Зоран Заев кога се обидуваше, се сеќавате  во рамките на парламентот да протурка иницијатива за измени на законикот, за измена на кривичниот законик посебно на членот 353 и став 3 и став 5 па потоа јавноста се побуни па потоа владата ретерираше дека всушност никогаш не доставила таков документ итн, вели Мицкоски.

Тој додава дека од една страна едно зборува во јавноста кога ќе излезе пред медиумите а од друга страна е добар домаќин на лица кои што се опфатени со тие предмети и друго договара со нив на маса.

-Тоа го знаеме тоа јасно ни е но тоа е реалноста на која што ние се навикнавме да живееме таа стварност ќе ја поразиме во април 2020 и тогаш јавноста ќе види што е вистинска борба против криминалот и корупцијата и тогаш јавноста  ќе биде сведок што значи нулта толеранција со криминалот и нулта толеранција со корупцијата. Инаку ние нема никогаш да си дозволиме ќе повторам едно да зборуваме во јавноста а друго да зборуваме во кабинетите со луѓето кои што се опфатени од таков тип на случаи како што тоа го прави Зоран Заев, рече Мицкоски.