Додека вие крадете, јас спортувам, има разлика помеѓу вас и мене, му порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на лидерот на СДСМ, Зоран Заев во вечерашниот ТВ дуел на МТВ.

Ваквата реплика следеше откако Заев, остана без аргументи за падот во економијата и не можноста да го оправда падот на платата во месец април на која посочи Мицкоски.

– Појдете во Куманово и разговарајте со сопствениците во кожарската индустрија и поразговарајте и ќе видите што ќе ви кажат. Можеби знаете или не, но има голем број на сведочења дека работниците враќаат дел од платата назад. Јавно ги пријавија

Мицкоски истакна дека има многу такви сведочења, но никој не одговараше кривично.

– Она кое што СДСМ го нудеше на избори, е  во 2016 година беше дека ќе имаат просечен раст од 5%,а сега гледам дека го намалија на 4%, иако ако гледаме од оној квартал кога ја презедоа владата па се до денеска таа не е поголема бројка од 2%, а се уште не се калкулирани ефектите од вториот квартал годинава кои ќе бидат катастрофални.

Тој додаде дека ВМРО-ДПМНЕ има јасна методологија, јасен концепт кој наидува на одобрување на стопанските комори, на синдикатите и граѓаните.