Зоран Заев и Стево Пендаровски денеска немаше да ги имаат тие скиселени насмевки на лицата, ако не знаеја дека им почнува вистински политички пекол кој ќе го предводи ВМРО-ДПМНЕ како најголема политичка сила во земјава, рече вечерва на прес конференција Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Рече дека имало неправилности и дека требало да има техничка влада која ќе гарантира фер избори

„Стево вика слушајте го врховниот командат, јас велам слушајте го народот. Картата е црвена, тоа е победата на ВМРО. Имаме победа во најголем број на општини. Таму каде што победивме во прв круг сега имаме поголема разлика. Му се допаѓало некому или  не. Ако имаше парламентарни избори, партијата која ќе освоеше најголем број мандати и пратеници е ВМРО-ДПМНЕ, рече Мицкоски

Рече дека ВМРО ДПМНЕ споредено со коалцијата на СДСМ, освоила најголем број гласови. 

„Новата реалност е дека ВМРО-ДПМНЕ е најголемата политичка сила. Не навредуваа, измислуваа сценаристите. Го ставија членството на ВМРО-ДПМНЕ под прогон, ни ги ускратија финансиите, го замрзанаа имотот, но ние работевме и заедно со Гордана Силјановска дојдовме до близу 380.000 гласови. Ќе продолжиме да работиме а тие нека продолжат да конструираат и да го ставаат под политички прогон членството на нашата партија но ние сме корен и не можат да не избришат, рече Мицкоски

Вели дека ќе продолжат да работат со два пати поголема енергија и на следни парламентарни избори ќе стигнат до половина милион гласови.

Мицкоски кажа дека победиле во Злениково, Аердором, Гази баба, Ѓорче Петров, Кисела вода, Сопиште, Петровец, Илинден, Бутел било нерешено, во Битола, Велес, Кавадарци, Гевгелија, но и во Охрид, и во Ново село, Прилеп, Кочани, Свети николе, Василево, Вевачани, Градско, Дебрца, Демир капија, Кратово, Лозово, Македонска каменица, Македонски брод, Неготино, Новаци, Росоман.

Обвини за неправди и дека имало нерегуларности уцени закани и притисоци и брзи прсти, но и листи за поткуп. Вели дека Заев ветил многу за оваа победа

Само јас и Заев знаеме што се вети за оваа победа, рече Мицкоски

И се заблагодари на Силјановска и рече дека е хероина. 

Вели ВМРО споредено со СДСМ и Коалицијата, која ја нарече хотел коалиција, освоила најголем број гласови, а реалноста е дека ВМРО е најголема политичка сила во Македонија.