Деенеска во Скопје се одржа конференција „Конзервативните народни партии градат мостови кон заедничка европска иднина“ под покровителство на германската фондација „Конрад Аденауер“ .

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во изјава истакна дека за ВМРО-ДПМНЕ претставува посебен момент покрај коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива да присуствуваат и претставници од сестринската партија од Албанија, Демократската партија, на чело со Љуљзим Баша со кој што имаат исклучително квалитетна соработка и во рамките на Европската народна партија.

За жал поради новонастанатата ситуација кај нашиот северен сосед во Косово, претставници од другата наша сестринска партија ЛДК од Косово иако најавени денеска во последен момент го откажаа своето учество, но сепак преку видео врска ќе бидат денеска со нас и ќе можат и тие да ги пренесат нивните очекувања од годините кои што следат, а поврзани со европерспективите во регионот. Денеска ова е прва од низата конференции кои што се во организација на нашата партиска организација, а тоа е германската Конрад Аденауер кој што го фасилитира целиот овој процес и во таа насока ќе продолжиме и во иднина, изјави Мицкоски.

Тој посочи дека се цени тоа што како десничарски  конзервативни партии, сестрински партии во рамките на Европската народна партија заедно со нашите пријатели  овдека во Македонија тоа е Алијансата на Албанците и Алтернатива може и те како да допринесат во иднина за брз напредок на нашата држава во рамките на евроинтеграции, спроведување на реформскиот процес се разбира и практично на македонските граѓани без разлика на нивната етничка припадност, политичка припадност иако можеби понекогаш за некои теми имаме би рекол различни мислења.

Но, она нас  кое што денеска не обединува тоа е нашата десна конзервативна идеологија.  Но, истовремено тука се пред се реформите. Истовремено би сакал да ги нагласам и борбата против корупцијата и криминалот кои што не само во нашата држава, не само во Македонија таа и те како зема сериозен замав и размер кај нашиот западен сосед во Албанија. Веруваме дека како сестрински партии, како десни конзервативни партии можеме и те како овој процес да го акцелерираме и Македонија заедно со Албанија се разбира и Косово да бидат што поскоро дел од Обединетото Европско семејство, потенцираше Мицкоски