Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на Фејсбук ги повика македонските граѓани да помогнат за спас на македонските компании и вработените со купување на македонски производи.

„Во овие тешки времиња за македонската економија, купувајте македонски производи и спасете работно место. Да им помогнеме на македонските компании, да им помогнеме на работниците и конечно да и помогнеме на Македонија.

#КупувајтеМакедонскиПроизводи“ пишува Мицкоски