ФОКУС: Инсистирате на предвремени избори, дури и таа тема беше услов за да се оствари лидерската средба. Убедени сте дека ќе победите, иако според анкетата што ја објави СДСМ тие се во водство околу три проценти?

МИЦКОСКИ: Нашите анкети, но и оние објективните, велат дека доколку во моментов би имало предвремени парламентарни избори, предноста на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде минимум сто илјади разлика во однос на гласовите што би ги освоил СДСМ. Така што има еден и единствен начин да се докаже дали ние ја говориме вистината или, пак, Зоран Заев. Тоа е народот на предвремени парламентарни избори да даде суд за тоа кој е во право. Ние како ВМРО-ДПМНЕ не реагиравме радикално, и покрај сите скандали што во изминатиов период се случуваа, почнувајќи од она однесување на еден градоначалник кој практично на столче, прилично директно разговара со дел од вработените во општината, па дури на моменти е насилен и применува физичка сила. Потоа гледавме како пратеник од владејачкото мнозинство, кој порачува/поседува забранети супстанции, без разлика дали тоа се опојни дроги или масло од канабис, за понатаму да го видиме оној несреќен тендер на генералниот секретар Рашкоски со низа епитети што ги подели за нашите сојузници јужно од екваторот, што би рекол тој, па сè до овој најголем скандал од независноста, од 1991, па наваму, а тоа е скандалот „Рекет“.


Целото интервју на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за Фокус можете да го прочитате во утрешното печатено издание.