Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, по координативниот состанок на државно-политичкиот врв на кој се зборуваше за спорот со името и кој траеше пет часа, изјави дека ВМРО-ДПМНЕ Република Македонија мора да биде дел од НАТО и од ЕУ и дека ВМРО-ДПМНЕостанува на браникот на заштита на националните и државните интереси.

„Министерот Димитров и премиерот Заев нè информираа за текот на преговорите и беше презентиран предлогот од Нимиц, којшто повеќе или помалку ѝ е познат на јавноста. Од овој момент па натаму целокупниот процес за водење на преговорите за спорот со соседна Република Грција е на Владата. ВМРО-ДПМНЕ е силен поддржувач и останува на позицијата дека Македонија мора да биде дел од НАТО и од ЕУ и ВМРО-ДПМНЕ останува на браникот на заштита на националните и државните  интереси на Република Македонија“, рече Мицкоски.

Според него, ваква средба требало да се случи порано. Тој не откри повеќе детали од состанокот за да не го наруши процесот.

Г.Н.Р.

извор: Makfax