Универзитетската профеорка Гордана Силјановска Давкова ќе биде носителна пратеничката листа на опозициската ВМРО-ДПМНЕ  во ИЕ 2, а оперскиот пејач Игор Дурловски во петта ИЕ. Покрај овие две натпартиски решенија Централниот комитет вечерва  утврдил носители на изборни листи во ИЕ 2 да биде партискиот потпретседател Владо Мисјаловски, во ИЕ 3 генералниот секретар Игор Јанушев,  во четвртата Александар Николовски, а во 6ИЕ  пратеничката Дафина Стојановска.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицксоски по седницата на ЦК информираше дека над 95 проценти од кандидатите  првпат се на  листите. На сцена, како што рече, даваат шанси на нови кадри. Одбравме луѓе кои ќе ја донесат историски најголемата победа на следните парламентгарни избори.

– ВМРО-ДПМНЕ е новата надеж и идната победничка опција, рече Мицкоски.

Засега остануваат на планот  утре во 13 часот за потпишување на коалицијата, како и за конвенција во Филхармонијата на која ќе бидат промовирани кандидатите за пратеници.

Како што информираше Мицкоски, в четврток ќе има лидерска средба за актуелната состојба со коронавирусот.