Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во вечерашното гостување во емисијата Што не е јасно на ТВ Алфа обвини дека власта вршела поткуп на граѓаните со пари во рамки на институциите посочувајќи ги картичките за лицата од социјална категорија, но и со пари на рака споменувајќи го примерот во Кавадарци каде што на едно лице на кое му биле дадени 12 милиони денари да врши поткуп на жителите од општините Кавадарци, Неготино и Демир Капија.

Јас се обидов на едно последно мое интервју да ги објаснам начините како е вршен практично поткупот, на еден начин тоа е вршено преку институциите и они картички кои што јавноста беше сведок, а и корисник. Ресорниот министер пред некој ден чинам беше даде интервју или напиша фејсбук статус каде што вели дека повеќе од 300.000 граѓани се корсиници на оние картички, кои практично според нив требаше да бидат картички со кои што ќе се помине кризата предизвикана од пандемијата Ковид 19, некаде отприлика 300.000 картички биле поделени со различна вредност, кај некој по 3.000 денари, по 6.000 денари кај некои 9.0000 денари, и според нејзините зборови станува збор за 28 милиони евра кои што институционално се поделени, дури се дела и за време на изборите, вели Мицкоски.

Тој додаде дека изборите беа во среда, а буквално до вторникот се делеа тие картички.

Потоа продолжија и во четвртокот иако гледаме сега кај некои тие корисници практично има проблеми односно не можат да ги користат тие средства, односно нема уплатено средства. Понатаму тука е и оној проект наречен зелена нафта, каде што имаме случај во Битола каде што висок функционер на СДСМ дели картички за земјоделците и практично на тој начин се обидува да ги условува за кој да го дадат својот глас и некаде нашата проценка е дека околу 10 милиони евра се поделени вон институционално или ние што велиме пари на рака каде што се делени буквално на цела територија на нашата држава. Пример кој што се кажува низ кулоарите да речеме во Кавадарци  каде што лице кое што требало да подели 12 милиони денари за поткуп во  Кавадарци, Неготино и Демир Капија ги земало парите кои што биле наменети за поткуп и потоа исчезнало. Па дошле неколку дена група од родниот град на претседател на една политичка партија, па таа група не успеала да го најде и веднаш донела нови 12 милиони денари, посочи Мицкоски.